Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на пријателските натпревари со Хановер кои ќе служат како подготовка за новата сезона.
Хановер беше подобар од Нордхорн-Линден во тест-натпреварот (29-21), а македонскиот среден бек беше одличен со шест гола од шест обида, исто така запиша и шест асистенции.