И официјално е откажана пријателската средба меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, која требаше да се игра утре во Тел Авив, и тоа од безбедносни причини.
„Со оглед на безбедносната ситуација во Израел, натпреварот кој требаше да се игра утре на `Блумфилд` стадионот во Тел Авив е откажана“ ова го информираат од таборот на Атлетико Мадрид.
Имено борбите меѓу Палестинците од Газа и безбедносните сили на Израел траат веќе втор ден.
Инаку оваа контрола требаше да биде „генералка“ и за Јуве и за Атлетико Мадрид во пресрет на стартот на новата сезона во Серија А и Ла Лига следниот викенд.