Марсеј се пофали со oсмиот нов играч

421

Францускиот вицепрвак Олимпик Марсеј го потврди 11-тиот трансфер ова лето, односно осмиот нов фудбалер. Нов член на клубот од „Велодром“ е Жордан Верету кој дојде од Рома. За играчот од средниот ред Марсеј ќе плати 11 милиони евра, а фудбалерот потпиша договор на три сезони.
Верету е дете на Нант, а играл уште за Астон Вила, Сент Етјен, Фиорентина и од 2020 до сега беше член на Рома. Има и пет настапи за француската репрезентација.
Марсеј претходно ги откупи договорите на Џенгиз Ундер,Матео Гендузи и Арек Милик, ги донесе Џонатан Клаус, Исак Туре, Шансел Мбемба, Нуно Тавареш, Рубен Бланко, Луис Суарез и Пау Лопез.

ПретходноВајналдум: Прекрасно е чувството да си фудбалер на Рома
СледноПотегот на Мане кој го обиколи светот: Го направи она што никогаш не го направил на „Енфилд“ (ВИДЕО)