Галатасарај го договори Тореира, а го чека одговорот на Мертенс

81

Дрис Мертенс е слободен фудбалер откако му истече договорот со Наполи и е во потрага по нов клуб. Белгиецот веќе го одби Јувентус со образложение дека не сака да излезе предавник во очите на навивачите на Наполи, па ги разгледува другите опции.
Тој има убава понуда од Галатасарај. Според новинарот Фабрицио Романо, понудата од Галата, е можеби најдобра од сите останати (Антверпен, Лацио, Лидс…), четири милиони евра годишно плус бонуси, но договорот е на една година со можност да биде продолжен на уште една доколку клубот се квалификува во Лигата на шампионите идната сезона.

Во меѓувреме турските медиуми пишуваат дека Галатасарај завршил еден трансфер, а нов член ќе биде Лукас Тореира од Арсенал. Турскиот клуб се согласил да плати меѓу 6 и 7 милиони евра плус бонуси за бразилскиот фудбалер.

ПретходноИзненадување на стартот: Фулам oсвои бод против Ливерпул (видео)
СледноПол позиција и рекорд за Зарко на „Силверстоун“