ПМФЛ-2022/23:Бесарт Ибраими – “кралот“ на головите се врати во ПМФЛ, сега ќе “тресе“ за Струга ТЛ

448

Фудбалот се игра за голови, и затоа една радосна вест за сите фанови на мак – фудбалот. По пауза од една година во ПМФЛ се врати Бесарт Ибраими,“кралот“ на головите, рекордерот, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ.Но сега ќе „тресе“ за Струга ТЛ.

Ибраими со 174 голови е неприкосновен на врвот, дури четири пати бил најдобар стрелец во една сезона во ПМФЛ.Јасно е дека годините се тука, но Бесарт е Бесарт. Ако се биде како што треба неговата “доза“ од 15- 20 голови ќе биде впишана на контото на Струга ТЛ.

Тој е главниот фаворит за прв стрелец на Лигата. Се разбира дека главен конкурент ќе му биде Сандеј Адетунџи од Шкупи, ако остане. Не смееме да заборавиме на Стојановски, Гури, Хасани од Шкендија,Велкоски од Работнички, Адем од Македонија ЃП…

Секако дека некој од втор план ќе избие, како и секогаш. Сепак јасно е кој е фаворит за прв голгетер во оваа сезона.

ПретходноМилер не успеа да се снајде пред празен (ВИДЕО)
СледноТухел призна: Никој не сака да го допре дресот со број девет!