Денеска со мечот во Струга (17:30 ч), меѓу Струга ТЛ и Победа, стартува новата сезона во ПМФЛ, која ќе биде 31-ва во самостојна Македонија. Повеќе од јасно е дека стружани и да сакаа не можеа да одберат подобар ривал за првиот меч.Натпревар во кој сакаат да ја покажат сета своја сила и да забележат триумф и да освојат три бода уште на првиот меч сезонава.
Тимот на стратегот Срѓан Захариевски одработи добри подготовки, има одличен состав и се очекува сигурна победа над прилепчани.
Кај Победа пак свое деби, на официјален натпревар, на клупата ќе има Бобан Бабунски кој секако дека заедно со своите момци посакува да остане непоразен.
Да кажеме дека Победа е повратник во лигата и сигурно дека кај гостите има силен мотив да се прикаже во позитивно светло
Утре од 17:30 часот се играат уште два меча, Силекс – Работнички и А. Пандев – Брегалница.
Македонија ЃП е слободна, а дуелите Тиквеш –Шкупи и Шкендија – Скопје ќе се играат на 7 септември и 17 август.