Полувреме: Бесарт Ибраими “тресе“ и Струга ТЛ води со 1:0! (ВИДЕО)

331

А кој друг ако не Бесарт Ибраими. Тој е стрелецот на првиот гол во новата сезона во ПМФЛ. Па така Струга ТЛ по првите 45.минути води со 1:0 против Победа. Домашните имаа повеќе шанси, токму Ибраими и Мухарем имаа шанси за гол, но сепак тој дојде во последните секунди од првиот дел кога Укпа асистираше а Бесарт Ибраими носи голема радост кај стружани.

Да кажеме дека единствена закана ја имаа во 39.минута кога Наумовски можеше да ги шокира домашните, но Радиќ спасуваше.

ПретходноПремиерлига: Тотенхем покажа сила на стартот на сезоната! (ВИДЕО)
СледноЛудо – си постигна автогол од пола терен (видео)