Еден од најдобрите играчи во светот има постигнато два гола на исто толку натпревари. Во првиот меч го освои трофејот, а во вториот го направи она што никогаш не се случило на „Енфилд“ во изминатите шест години.
Мане кога потпиша не го криеше ентузијазмот за доаѓањето во Баерн, што го покажа на воведните тренинзи кога покажа голема одлучност да го докаже својот квалитет.
Баварците со доминантна победа над Ајнтрахт ја отворија новата сезона во Бундеслигата и веќе на стартот покажаа дека и со половина сили можат да стигнат до 11-та титула во Бундес-лигата.
Средбата се одигра пред повеќе од 50.000 гледачи заврши со победа на Баерн со 1:6, а Мане го постигна третиот гол за својот тим. По погодокот тој се заблагодари на Господ, по мечот отиде кај фановите и го зеде мегафонот во раце и почна да навива.
Sadio Mané is already feeling right at home 📣 pic.twitter.com/mH2DQ1UIc4
— B/R Football (@brfootball) August 5, 2022
Mané’s at home already with the @FCBayernEN fans! 📢🏠🙌#MD1 | #Bundesliga pic.twitter.com/jBbYcRKkr9
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) August 5, 2022