Попладнево Битола, во салата “Боро Чурлевски“, во рамките на подготовките за новата сезона, во пријателски меч Е.Пелистер го победи својот “помал брат“ Е. Пелистер 2 со 29:24.
Секако дека беше ова добра контрола за двајцата стратези Валтер и Јовиќ, со цел да ја проверат моменталната форма на своите екипи.
Што се однесува до стрелците, кај победникот Сери и Пешевски постигнаа по пет голови, Дејвис со 4, Кукуловски и Танкоски постигнаа по три.
Кај поразениот тим Стоилевски, Николовски и Петар Атанасијевиќ постигнаа по три гола.
Треба да се каже дека натпреварот се играше 3Х20 минути.