ПСЖ рутински до победа: Меси со два гола на премиерата (ВИДЕО)

553

Францускиот шампион без проблеми тргна со убедлива победа во новата сезона на француската Лига 1. Вечерва на гостувањето кај Клермон, тимот предводен од новиот тренер Галтие ги прегази домашните со 5:0.

ПСЖ мечот го доби рутински. Одлуката за трите бода падна уште во првиот дел кога со головите на Нејмар, Хакими и Маркињос гостите заминаа на пауза со 3:0.

Во вториот дел доминацијата на парижани продолжи, а Меси во последните десетина минути со два погодока само ја потврди високата победа на шампионот.


 

ПретходноЗверев откри дека боледува од дијабетес тип 1 и најави создавање фондација
СледноПропадна трансферот на Кимпембе во Челзи!