Триумф на Струга ТЛ: „Бум – бум“ Бесарт – рекордерот на фантастичен начин ја отвори сезоната! (ВИДЕО)

744

Кој си знае, си знае. И повторно, а кој друг ако не Бесарт Ибраими. Уф, какво ли супер засилување Струга ТЛ ангажираше за оваа сезона, сезона која тому Ибраими ја отвори со два гола, а Струга ТЛ ја совлада Победа со 3:0, со двата гола на рекордерот кој сега стигна до својот 176 гол во ПМФЛ, но и со еден на Фатјон Јусуфи. И за двајцата ова беше деби за Струга ТЛ на официјален натпревар.

На првиот меч во сезоната 2022/23, кој попладне се одигра во Струга, домашниот состав покажа дека ова е некоја нова, силна, квалитетна Струга ТЛ која ќе се бори за висок пласман, и тоа како.

Уште на стартот од мечот Струга ТЛ тргна силовито во напад. Мухарем ја имаше првата шанса и тоа во 6.минута, но немаше сречќа да донесе рано водство за домашниот состав. Во 11. минута Бесарт Ибраими се обиде со „ножички“, но за малку непрецизно. И одново Мухарем и Ибраими беа во шанси, но голманот на прилепчани Дарко Тофилоски успеваше да ја сочува својата мрежа.

Победа се закани во 39.минута со шутот на Наумоски, но домашниот стопер одлично изблокира.

И кога сите мислеа да на пауза ќе се замине без голови, Струга ТЛ изведе одлична контра, а во завршницата Укпа го проигра Ибраими кој успеа да ја погоди мрежата за 1:0, за еуфорија кај домашниот табор.

Одлични пет први минути во второто полувреме. Победа опасна, Мазари одлично шутираше а домашниот голман Ќосевски прекрасно брани.

Во тие 5-6 минути и двете екипи имаа по две шанси, но резултатот остана 1:0.

Победа тргна да игра, имаше акции, не се бранеше, добар интересен фудбал во тој дел од натпреварот.

Одново гол на Бесарт Ибраими. Се играше 63.минута кога во два наврати во таа акција судијата Трпчевски требаше да покаже слободен удар за домашните, но тој покажа одлично чувство за игра, покажа предност а Бесарт Ибраими му се “заблагодари“ со прекрасен гол за 2:0.

Интересно, по тој гол Ибраими имаше уште две супер шанси за хет – трик, но немаше среќа.

Бесарт излезе, немаше потреба да игра повеќе, а Јусуфи во самиот финиш постигна гол за конечни 3:0.

ПретходноЛудо – си постигна автогол од пола терен (видео)
СледноПријателска: Е. Пелистер со триумф над Е. Пелистер 2!