Тухел крена раце од Вернер: Германецот пред враќање дома

381

Изненадување во составот на Челзи на стартот од новата сезона во Премиер лигата. Денеска на дуелот со Евертон, германскиот стратег на кормилото на лондонските „сини“, Томас Тухел воопшто не го стави германскиот напаѓач во составот.

Германските медиуми веќе се прашуваат дали Тухел целосно се откажа од Тимо Вернер, како што  тоа го направи неодамна во претсезоната. Германскиот напаѓач по овој последен потег на Тухел има огромна веројатност дека ќе го напушти Челзи ова лето.

Според информациите на германските медиуми, веќе имало првични преговори со неговиот поранешен клуб РБ Лајпциг за трансфер ова лето. Единствениот улов досега беше зборот на Тухел, кој всушност нема да му дозволи на Вернер да си замине додека раководството не донесе замена за него.

ПретходноКузмановски одличен на првиот тест со Хановер
СледноГалатасарај договори две екстра-засилувања, следува промоција