Тухел призна: Никој не сака да го допре дресот со број девет!

495

Тренерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека ниту еден напаѓач не сака да го земе дресот со број девет. Добро е познато дека оваа бројка е е позната како „проклетството“ кое ги следи сите напаѓачи ја носеле во последните години. Во минатата сезона ја имаше Ромелу Лукаку, но не се прослави.

„Немаше голем интерес за бројот девет. Никој не сака да го допре. Сите кои беа во клубот подолго од мене велат: „Ах, знаете, тој ја имаше деветката и не постигна гол“. Луѓето велат дека дресот со број 9 во Челзи е како проклет. Никој не сака да го земе. Затоа никој го нема задолжено тој број до денеска. И јас сум суеверен, па ги разбирам што го избегнуваат“, изјави менаџерот Томас Тухел.

Пред него, дресот со број не им донесе многу голови ниту на Фернандо Торес, Алваро Мората, Гонзало Игуаин, Радамел Фалкао, Ернан Креспо, Матеја Кежман…

ПретходноПМФЛ-2022/23:Бесарт Ибраими – “кралот“ на головите се врати во ПМФЛ, сега ќе “тресе“ за Струга ТЛ
СледноУжасни вести од Белгија: Ердон Даци на тренинг ги скинал лигаментите,следува долга пауза!