Црна Гора, „сламка“ за спас за Тони Симиќ и неговите „пулени“

203

Македонската јуниорска репрезентација денеска (15 часот) против Црна Гора го игра првиот од двата меча за опстанок во А Дивизија, поточно се најде меѓу репрезентациите кои се борат за пласман од 13 до 16 место. Откако селекторот, Тони Симиќ и неговите „пулени“ беа убедливо совладани од Грција (репрезентација која ја победија во подготовките) за петти пораз во низа, веќе немаат право на кикс.

Победите, на денешната и следната средба се единствена виза за да Симиќ колку толку го обели образот по фијаското на Европското првенство во Измир, каде покажа дека во месец дека буквално ништо не се работеле, но за тоа доправа ќе следат анализи.

Црна Гора е противник кого Симиќ, кој милуваше да брка победи на пријателските мечеви каде што играше исто само со пет кошаркари, ја совлада во Гевгелија. Останува да видиме дали „црвено-жолтите“ ќе успеат да се издигнат во серијата и порази и конечно да дојдат до победата во Измир.

ПретходноЛуис Суарез со својот прв гол по враќањето во Уругвај (ВИДЕО)
СледноПМФЛ – 2022/23: Шкупи и Шкендија во битка до “истребување“, ова ќе биде необично првенство со 11 клубови