ГРК Тиквеш ги претстави левите бекови за новата сезона

127

Екипата на ГРК Тиквеш 2014 го креира изгледот за новата сезона. Кавадаречани ги претставија левите бекови, а нов член е Арнад Хамзиќ кој доаѓа од БиХ. Арнад е висок е 195 cm, тежок 91kg и во ГРК Тиквеш доаѓа од италјанското првенство, од екипата на ССВ Бриксен.
На истата позиција е и Стефан Дрогришки е некогашен репрезентативец на Македонија. Веќе втора година по ред ќе биде дел од тимот.
Од клубот исто така соопштија дека младиот и талентиран бек Мики Лазов потпишал четиригодишен договор. Тој две години по ред е МВП на Пионерската ракометна лига, а има само 15 години и во клубот многу очекуваат од него во иднина.

ПретходноПМФЛ -2022/23: Осум од 11 тренери во ПМФЛ се некогашни фудбалери на Вардар!
СледноПМФЛ 2022/23: Трансфер “бомбите“ се Ибраими, Стојановски, Велкоски, Демири…