Луис Суарез со својот прв гол по враќањето во Уругвај (ВИДЕО)

1043

На Луис Суарез не му требаше долго време да го постигне својот прв гол откако се врати во Национал. Неговиот тим го победи Рентистас со 3-0 во натпревар од второто коло на уругвајскиот шампионат, а 35-годишниот напаѓач го постигна третиот гол.

Суарез влезе во игра на паузата, а во 59. минута погоди со глава на блиската статива од корнер. Во 84. минута поранешниот играч на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид промаши пенал, а во последните секунди од натпреварот голманот на гостите го матираше неговиот акробатски удар.

Суарез пред неколку дена дебитираше за Национал во поразот со 1-0 од Атлетико во првото четвртфинале на Копа Судамерикана.

ПретходноПотегот на Мане кој го обиколи светот: Го направи она што никогаш не го направил на „Енфилд“ (ВИДЕО)
СледноЦрна Гора, „сламка“ за спас за Тони Симиќ и неговите „пулени“