Возачот на Прамак Дукати, Јоан Зарко ќе стартува од пол позицијата на патеката „Силверстоун“ во рамките на Мото ГП шампионатот. Французинот беше најбрз во квалификациите пред Маверик Вињалес од Априлија и Џек Милер од Дукати кој беше трет.
Освен тоа Зарко постави нов рекорд на „Силвестоун“ за најбрз извозен круг со време од 1:57.767, со што е урнат претходниот рекорд на Марк Маркез во 2019 година од 1:58.168.
Во топ 5 завршија уште Фабио Квартараро и Франческо Бањаја. Алеш Еспаргаро имаше проблеми па заврши на шестата позиција.
Трката е во недела со почеток од 14 часот.
POLE POSITION FOR @JohannZarco1! 🔥
The lap record has been SMASHED! 🙌#BritishGP 🇬🇧 pic.twitter.com/upWjIRSvwn
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 6, 2022