Премиерлига: Тотенхем покажа сила на стартот на сезоната! (ВИДЕО)

186

Иако Саутемптон поведе со 0:1 и тоа со голот на Вард-Проус уште во 12.минута, сепак на крајот Тотенхем успеа да победи со 4:1. Нема што, тимот на Антонио Конте покажа сила упште на стартот од сезоната. Стрелци на головите за „спарси“ беа Сесењон во 21.минута по асистенција на Кулушевски, потоа Даер во 31.минута донесе водство, а во 61.минута Салису си даде автогол за 3:1. Две минути подоцна Кулушевски ги постави конечните 4:1.

Њукасл со 2:0 славеше против Нотингем Форест и тоа со головите на на Шер и Влсон.

Борнмут исто со 2:0 освои три бода против Астон Вила, а головите беа дело на Лерма и Мор.

Лидс со 2:1 и тоа со пресврт го победи Вулверхемптон. Гостите поведоа со голот на Поденс, за да потоа Родриго израмни на 1:1, а за 2:1 за Лидс беше заслужен Аит Ноури кој со даде автогол.

ПретходноБраво Бојане: Гол – шоу на Миовски во дресот на Абердин! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Бесарт Ибраими “тресе“ и Струга ТЛ води со 1:0! (ВИДЕО)