Вернер заминува од Челзи и се враќа во Лајпциг

147

Германскиот напаѓач Тимо Вернер ќе го напушти Челзи ова лето и ќе се врати во Бундес лигата поточно во клубот во кој се прослави како играч. Од Лајпциг, Вернер замина во Челзи меѓутоа не се снајде во дресот на лондонскиот клуб, па сега ќе се враќа назад во поранешниот клуб.
Првично се зборуваше за позајмица, но германските медиуми пишуваат дека тоа ќе биде постојан договор. Двата клуба треба да се договорат околу отштетата, а Челзи нема да го ослободи за помалку од 30 милиони евра.

ПретходноАтлетико убедлив со Јувентус, Мората погоди три пати (видео)
Следно„Абе бате, требаше да си останеме во Реал…“