Македонската јуниорска репрезентација откако се најде во друштво на четирите најслаби учесници на Европското првенство „А“ Дивизија кое се одржува во Измир, денеска ќе има шанса да го поправи впечатокот и да го фати последниот воз за опстанок во ова друштво.
Последна шанса за селекторот Тони Симиќ и неговите „пулени“ е Хрватска. Македонија мора да го добие овој дуел доколку сака да избори опстанок во А Дивизија. „Коцкестите“ се исто така добро познат противник за „црвено-жолтите“, во текот на подготовките. Против Хрватска на гостински терен имаат една победа и пораз, биланс кој ветува дека можеби ќе успеат да дојдат до вториот триумф на ЕП.
Дуелот стартува во 12:45 часот, истиот можете да го гледата на следниот линк.