Келн со рекорден број шутеви го демолира Шалке (видео)

372

Во неделниот термин се одиграа уште два натпревари од 1. коло во Бундес лигата, Штутгарт и Лајпциг одиграа 1:1, а по нив Келн го растури Шалке со 3:1. „Јарците“ одиграа фантастичен меч и го скршија противникот во вториот дел кога паднаа сите голови.
Шалке поведе со гол на Залазар во 10. минута кој беше поништен од ВАР поради офсајд. Во 35 минута „сините“ останаа со играч помалку поради црвениот картон на Дрекслер.
На стартот на вториот дел Килиан погоди за водство на Келн, а на 2:0 зголеми Кајнц. Во 76 минута Шалке намали преку Бултер, за во 80. минута Љубичиќ да ја запечати победата на Келн од 3:1.
Неверојатно звучи податокот дека фудбалерите на Келн имаа дури 32 удари на голот што е клупски рекорд во Бундес лигата како и најголем број на удари на меч од 1. коло во најсилната германска лига, откако се собираат вакви податоци од 2004 година.

ПретходноФото на денот: Силна е оваа Брегалница, штипјани „царуваат“ на истокот!
СледноГоразд Михаилов: Честитки за играчите на Силекс, заслужено го победивме Работнички!