Марковски: Очекувам Работнички да дојде до позитивен резултат во Кратово!

236

Љупчо Марковски, новиот стратег на Работнички, своето деби на еден официјален меч како тренер на тимот од Градски парк, ќе го има денеска во Кратово, и тоа на мечот со Силекс кој започнува од 17:30 часот.

Ова е натпревар од 1.коло во новата сезона, во која Работнички влегува со популарниот Калц како предводник на тимот.

“Сметам дека работевме напорно во текот на подготовките, исто верувам дека сме добро подготвени за почетокот на новата сезона во ПМФЛ. Првиот меч го играме во Кратово,против Силекс. Сиот респект за домашниот состав, а јас очекувам Работнички да дојде до позитивен резултат зошто верувам во квалитетите на нашиот тим“ изјави Марковски.

ПретходноДенот „Д“ за јуниорите, Хрватска е „визата“ за елитата (ЛИНК)
СледноШОК СТАТИСТИКА: Доминира во сите параметри, а за дебаклот на Лејкерс сите него го обвинуваат!