ПМФЛ: Во дербито “пандевци“ против Брегалница, Силекс го дочекува Работнички!

229

 

Со триумфот на Струга ТЛ против Победа од 3:0 на отворањето сезоната,и официјално стартуваше новата сезона во ПМФЛ. Како што познатово оваа сезона ќе има 11 клубови, па така Македонија ЃП е слободна, а средбите Шкендија-Скопје и Тиквеш – ШКупи ќе се играат на 17 август и 7 септември.

Тоа значи дека денеска од 17:30 ќе се играат само два натпревари. Во Струмица е закажано дербито, а се среќаваат А. Пандев и Брегалница. Меч кој предизвикува големо внимание во нашата фудбалска јавност, посебно во Штип и Струмица. И двете екипи најавуваат дека во оваа сезона амбициите им се пласман во горниот дел на табелата.

Во Кратово домашниот Силекс, кој по една година се врати во елитата, го дочекува Работнички. Се очекува интересен дуел, како и секогаш кога играат овие две екипи.

 

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА 17:30 Ч

А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17.08.2022)

ТИКВЕШ – ШКУПИ (07.09.2022)

МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)

СТРУГА ТЛ- ПОБЕДА 3:0

ПретходноБиХ го освои 46-то издание на традиционалниот турнир „Чајка“, МВП признанието за Добрина Хаџи Тосева
СледноМакедонката Николина со Канада во финалето на шампионатот на КОНКАКАФ!