Завршија првите полувремиња од двата денешни меча од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ.
Во Струмица, во дербито на истокот, А. Пандев има водство од 1:0 против Брегалница и тоа со голот на Јоковиќ во 16.минута, кога тој од само пет метри со шут со глава ја заби топката во мрежата на “сините“. Брегалница можеби имаше иницијатива, попвеќе акции, но во фудбалот се сметаат само головите.
Во Кратово домашниот Силекс не успеа да ја круниса својата доминација против Работнички. Кратовци имаа 3-4 добри шанси за гол, шутот на Алиу, потоа Ричков се само дел од нив, но немаше гол.
Работнички можеше во 29.минута по акцијата на Рушевиќ и М. Станковски да поведе.
Некаде во средината од првиот дел, Марко Маринковиќ од Силекс се здоби со тешка повреда па мораше да биде заменет.