Тен Хаг: Ич не сум задоволен од тоа што го видов

328

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг изјави дека е многу разочаран од првиот натпревар на тимот во Премиер лигата.Сепак, Холанѓанецот истакна дека е целосно свесен дека ќе треба време за работите да се случат онака како што тој сака. Тен Хаг го коментираше и Кристијано Роналдо, кој остана на клупата за резерви на стартот на мечот со Брајтон, загубен од „црвените ѓаволи“ со 1:2.
Тоа дефинитивно е разочарување. Вистинско разочарување, но мора да се се носиме со тоа. Од самиот почеток знаев дека нема да биде лесно. Тоа е процес и бара време, но немаме време, мора да победуваме. Требаше да направиме подобро. Веќе ги анализирав головите што ги примивме. Беше сосема непотребно толку лесно да се даде топка во овие две ситуации. Големи грешки во организацијата. Треба да научиме поука. Ич не сум задоволен бидејќи загубивме и тоа беше сосема непотребно.
Подобро беше во вториот дел. Дејствувавме тимски, се боревме, создадовме и шанси.

Дали Роналдо имаше позитивно влијание? Така мислам. Јасно беше дека бевме подобри во вториот дел кога Ериксен се врати во средината, а Роналдо беше напред. Создадовме шанси. Штета е што не ги реализиравме. За се е потребно време. Не можеме да ги форсираме работите. Тренираше само една недела. Треба да направи повеќе за да биде фит и овој натпревар ќе му помогне. Ќе биде подобар следната недела“.

Тен Хаг очекувано одби да ги коментира гласините дека клубот се обидува да го ангажира напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ:
Нема да коментирам имиња. Во текот на оваа претсезона, 250 играчи беа поврзани со Манчестер Јунајтед“.

ПретходноГоразд Михаилов: Честитки за играчите на Силекс, заслужено го победивме Работнички!
СледноАтлетико убедлив со Јувентус, Мората погоди три пати (видео)