Што се случува со Олимпик Марсеј: Газдата ги ставил сите ѕвезди на продажба?!

667

Жерсон, Аркадиуш Милик, Бамба Диенг, Валентин Ронжер и Димитри Паје – речиси сите играчи на Олимпик Марсеј можат да бидат продадени доколку има соодветна понуда за нив, пренесуваат француските медиуми. Клубот од Азурниот брег има итна потреба од финансиски средства и нема начин да спречи некој трансфер доколку за играчот дојде добра понуда.

Олимпик Марсеј минатата сезона ја оцени како успешна, откако тимот беше на второто место на табелата и си гарантираше настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Навивачите на тимот од јужниот дел на Франција се надеваа дека управата ќе донесе и значителни засилувања, но клубот западна во тешки финансиски проблеми.

Како што пренесуваат француските медиуми, сопственикот на Олимпик Марсеј, Френк Мекорт неодамна ги загубил изворите на финансирање и го притиска директорот на тимот Пабло Лонгорија да продаде неколку играчи, вклучително и врвните играчи на тимот. Неопходен услов е секако добра цена.

ПретходноСавевски: Германките играа перфектно, немавме решение за нивната обдрана!
СледноПолувреме: “Пандевци“ водат во дербито на истокот, во Кратово мрежите мируваат, но Силекс подобар