„Абе бате, требаше да си останеме во Реал…“

2705

Манчестер Јунајтед го загуби првиот меч од новата сезона во Премиер лигата. Беше поразен од Брајтон на „Олд Трафорд“ со 1:2. Тоа воедно беше сензација затоа што е прв триумф на Брајтон над „Ѓаволите“ и тоа на гостински терен.
Она што падна во очи е одлуката на новиот стратег на Јунајтед, Ерик тен Хаг да ги остави Рафаел Варан и Кристијано Роналдо на клупата. Нивните гестикулации на лицето само ги натераа фановите да ја разбудат својата креативност и да претпостават за што прават муабет додека седат на клупата.
Повеќетоа беа во стилот, Роналдо го прашува Варан: „Батe, што правиме овде. Подобро беше да си останевме во Реал Мадрид“. На тоа Французинот одговара: „И јас така мислам“.
Варан и Роналдо заедно осум пати ја освојуваа Лигата на шампионите (двајцата по четири пати), а од „кралскиот клуб“ заминаа, Варан во Манчестер Јунајтед, а Роналдо прво во Јувентус, а потоа во Јунајтед.

ПретходноВернер заминува од Челзи и се враќа во Лајпциг
СледноЖоан Гампер куп: Трофејот за Барса, Левандовски со гол и две асистенции за 19 минути