Атлетико Мадрид со убедливи 4:0 го совлада Јувентус во пријателски меч што се одигра на тренинг центарот на Јуве во Торино. Мечот првично требаше да се одигра во Тел Авив но по ракетните напади со жртви беше откажан, па двата тима се договорија да играат во Торино.
На мечот блесна Алваро Мората кој му даде три гола на својот поранешен клуб. Тоа беше последен тест за двата клуба пред стартот на сезоната. Јувентус ќе игра со Сасуоло во Серија А, додека Атлетико во Ла Лига ќе игра со Хетафе во гости.