Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун во рамките на Мото ГП шампионатот.
Возачот на Дукати на тој начин дојде до четвртата победа во последните седум трки.
Денеска одлична трка имаше и Маверик Вињалес, кој погреши во последниот круг и на тој начин му ја олесни работата на Италијанецот. Џек Милер денеска го освои третото место.
Жоан Зарко, кој стартуваше од пол-позицијата, на крајот не ја заврши трката.
Лидер во генералниот пласман е Фабио Квартараро со 180 бодови.