Со два долги и неизвесни натпревара, во салата „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево заврши 46-то издание на меморијалниот одбојкарски тунир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ со којшто традиционално се одбележува ликот и делото на основоположникот на одбојката во тетовскиот регион.
Сениорскиот состав на Босна и Херцеговина го освои првото место со три победи на три натпревари, во директниот дуел за врвот против најдобрата репрезентација на Македонија славеше со 3:2.
Нашите одбојкарки до 19 години го освоија четвртото место иако во пресметката со селекцијата на Косово во истата возрасна категорија водеше со 2-0 во сетови.
За најуспешна техничарка на турнирот беше прогласена организаторката на играта на Босна и Херцеговина, Милана Божиќ, а најкорисна одбојкарка на турнирот беше Добрина Хаџи Тосева од сениорскиот македонски тим.
Постхумно беше доделена награда на Тошо Ѓорѓиевски, познат одбојкарски работник од Крушево, а за продонесот за крушевската одбојка пригодни одликувања добија поранешниот играч, а сега делегат на ОФМ Андреј Николовски, како и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.