Германска Борусија Дортмунд го посочи напаѓачот на Келн, Антони Модестe како евентуална замена за повредениот Себастијан Алер. Вицешампионот во Бундеслигата итно бара ново засилување, откако летното засилување Себастиен Алер ќе биде надвор од терените со месеци поради болест.
34-годишниот Французин од екипата на Келн е фудбалерот за кого управата на Борусија (Д) ќе вложи напор да го обезбеди во текот на следната недела. Преговорите меѓу Борусија и Келн се во напредна фаза и се очекува наскоро да бидат финализирани.