Македонската женска кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на Светското првенство У18 кое се одржува во Скопје. По поразот од Исланд, дојде и пораз од Германија од 21-34 (12-17) во разигрувањето од 9-12 место. По овој резултат нашите девојки утре ќе се борат за 11-то место на Мундијалот.
Дукоска постигна пет погодоци, Ризоска еден помалку, додека Чурлиноска запиша 10 интервенции.
Германија тргна силно во мечот, отвори со 1-4, Македонија дојде на 3-4, но противникот набрзина дојде на 4-8. Со две одбрани на Чурлиновска и два гола на Јанкулоска, „црвено-жолтите“ намалија уште еднаш на минус еден (8-9), но потоа Германките продолжија да доминираат се искачија на плус шест 9-15. По првото полувреме беше 12-17.
Во продолжение не се промени ништо, избраничките на Љубомир Савевски не најдоа начин како да фатат приклучок, по 15 минути игра во овој дел, Германија ја запиша првата двоцифрена предност (16-28). Тука веќе беше јасно како ќе финишира оваа средба.
Македонија за противник во битката за 11 место ќе ја има селекцијата на Хрватска.