По речиси едногодишен престој во Бангладеш, во тимот на Мохамедан, Јасмин Мециновиќ не е веќе дел од тој тим. Имено на искусниот стопер му заврши договорот со Мохамедан, во тимот кој беше клучен играч во текот на последната сезона во таа земја, па така сега Мециновиќ се враќа во Македонија каде најверојатно во некој наш тим од ПМФЛ ќе ја продолжи својата кариера.
Како што дознаваме има неколку понуди на негова адреса, но робусниот дефанзивец нема да брза со изборот. Време е за кус одмор по напорната сезона во Мохамедан, а познато е дека предниот рок кај нас трае до 6 септември.
Се разбира дека може да се случи Мециновиќ повторно да изненади со трансфер надвор од Македонија, ништо не е исклучено.
Да потсетиме дека тој во ноември минатата година направи трансфер од Струга ТЛ во Мохамедан, во далечниот Бангладеш.
Како вистински спортсмен и како што доликува, тој на своите социјални мрежи им се заблагодари на сите во Мохамедан а посебно на фановите на овој клуб за успешната сезона во која и тој беше дел.