Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско се пресели во Севиља. Ова денеска го потврдија од клубот од Андалузија на официјалниот сајт. Детали од договорот со 30-годишниот шпански фудбалер не беа соопштени.
Иско се приклучи на Севиља со слободен трансфер бидејќи неговиот договор со Реал Мадрид истече на 30 јуни.
Иско е дете на Малага, а во својата кариера настапуваше и за Валенсија. Од 2013 година, играчот од средниот ред игра за Реал Мадрид, со кој освои 19 трофеи, вклучувајќи пет трофеи во Лигата на шампионите и три титули во шпанската лига.
🎥 @leonsfdo 🤝🏽 @isco_alarcon#WeareSevilla #NuncaTeRindas pic.twitter.com/lpWaodfkHX
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) August 7, 2022