Савевски: Германките играа перфектно, немавме решение за нивната обдрана!

152

Македонската кадетска женска репрезентација ќе се бори за 11 место на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски беа убедливо поразени од Германија со 21-34 за втор пораз на Мундијалот.

„Видовме една одлична игра на Германките, играа перфектно. Иако се обидовме да парираме, имавме неколку пехови за време на оваа средба, кај нас и Велкова се повреди и не можеше да игра до крајот. Немавме решение за нивната одбрана, играа многу добро. Промашивме и во дадени ситуации. Девојките се бореа, но, сепак, можеби не стигнува заморот. На крајот победи подобриот противник.

Сега ни следи натпревар против Хрватска, мораме прво да се опоравиме, па се надевам дека ќе имаме сила да парираме. Германките се исклучително квалитетна репрезентација, доста повисока од нас. Имавме шанса на ова СП да играме со Шведска, Исланд, Германија… многу големи ракометни имиња. Тука е мерилото. Ние сме добри, но недоволно за да парираме. Оваа генерација ќе има уште едно СП тука, во 2024 година, па се надевам дека ќе напредуваат малку повеќе“, изјави селекторот, Савевски.

Македонија утре 16 часот против Хрватска ќе се бори за 11. место на Мундијалот.

ПретходноЧурлинов доби 30-тина минути, Штутгарт и Лајпциг одиграа 1:1! (ВИДЕО)
СледноШто се случува со Олимпик Марсеј: Газдата ги ставил сите ѕвезди на продажба?!