Фудбалерите на Нотингем гостуваа кај Њукасл во првото коло во Премиер-лигата, на кам-бекот во ова натпреварување не се прославија беа поразени со 2-0.
И додека играта беше под нивото, играчите на Нотингем Форест станаа хит со изведување корнери. Кога играчот на Форест почна да го изведува корнерот, никој од неговите соиграчи не се најде во шеснаесетникот. Застанаа на 25 метри од мрежата на противникот, а потоа спринтаа кон голот на Њукасл, но оваа тактика на крајот не вроди со плод.
Nottingham Forest with one of the worst corner routines you’ll ever see 😂 pic.twitter.com/7ckIrUOenl
— Funny Football Moments (@FunnyFTMoments) August 6, 2022