Брегалница успеа среде Струмица да слави со 1:2 против А. Пандев во дербито на истокот. Повеќе од заслужена победа, големи три бода кај “пандевци“, мајсторија на Додев и одличен настап на „сините“.
Се разбира дека не беше се идеално. Има тука некои работи да се поправат, но ако ја победиш А. Пандев на нејзин терен, без разлика со кој состав играле струмичани, ако имаш неколку шанси за гол, психологија да направиш пресврт тогаш секако дека само честитки за овој тим на Брегалница.
Нема што, силна е оваа Брегалница, дали конечно оваа 31-ва сезона во ПМФЛ во историјата на Македонија е сезоната на Брегалница?
Останува да се види…