Хорор-повреда на фудбалер во Молдавија: Приклучен на респиратор, се борат за неговиот живот! (ВИДЕО)

1495

Холанѓанецот Дони ван Иперен (27) вчера доживеа хорор-повреда на меч од молдавската фудбалска елита. Ван Иперен настапува за Зимбру од Кишињев во Молдавија, а на натпреварот против Динамо-Аута во 2. коло од молдавското првенство тешко се повреди по сударот со голманот на домаќините.

Лекарскиот тим интервенирал 20-ина секунди по инцидентот, додека фудбалерите очајно барале интервенција на брзата помош. Иперен бил изнесен од теренот на носилки приближно 6 минути по ударот и пренесен во болница во Тираспол.

Според информациите, Дони бил однесен директно на одделот за интензивна нега и ставен на респиратор.

„Во овие тешки моменти, сите наши мисли се со Дони ван Иперен. Холандскиот играч е префрлен во болница во Кишињев и добива медицинска помош. Дони, биди силен, целиот жолто-зелен тим се моли за тебе! Ти ветуваме дека ќе успееме, заедно!“, напишаа од Зимбру во соопштението објавено на клупската Фејсбук страница.

ПретходноШОК СТАТИСТИКА: Доминира во сите параметри, а за дебаклот на Лејкерс сите него го обвинуваат!
СледноПСЖ прави изненадувачки трансфер на Фабијан Руиз