Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да ја добие средбата против Хрватска за опстанок во А-Дивизијата на ЕП во Измир. Нашите кошаркари беа поразени од Хрватите со 72:59, што беше и шести пораз за избраниците на селекторот Тони Симиќ на ова натпреварување.
Видовме голема борба, но Хрватска се покажа како поквалитетна репрезентација. Кошаркарите одлично ја отворија првата четвртина, со серија од 9-0 поведоа со 9-17 на средина на овој период. По 15-19 во десетата минута, Хрватите приредија целосен пресврт. За десет минути дадоа 20 поени, примија 7 за прво поголемо водство на мечот од 35-26 на одморот. Македонија беше во серија на промашувања.
Јуниорите добро отворија во третиот период, со серија од 3-13 како од шега ја стопија негативата, во 24 минута за враќање на водството од 38-39. Противникот успеа да се консолидира за нов пресврт и водство од 48-41.
Во последниот период, избраниците на Тони Симиќ имаа минус од 54-46, резултат кој не беше недостижен. Хрватска со тројка зголеми на 57-46, одржуваше предност од плус 10 (61-51 и 63-53). Следеа тешки минути, во кои кошаркарите се бореа да се ја стопат негативата, но не успеаја.
Теодор Симиќ постигна 21 поен за нашата репрезентација, а по 14 имаа Бошалевски и Димитриевски.