Барселона вечерва го игра последниот подготвителен натпревар пред новата сезона, а традиционално е пресметка за трофејот Жоан Гампер. Овој пат противник и е Пумас УНАМ д Дани Алвеш, 39-годишната легенда на Барса која накратко се врати во клубот минатата сезона.
Тренерот Чави е полн со позитивни впечатоци од претсезонските натпревари и тренинзите, тој е презадоволен од составот што го има, вклучително и петмина новајлии, заради кои клубот мораше да заложи пари кои се уште ги нема, односно да продава ТВ права однапред со цел да се соберат доволно за нивните трансфери.
„Тимот е многу добар, имам многу добро чувство кога ги гледам на тренинзите. Сите тренираат добро, тие се во добар ритам, турнејата низ Америка беше многу позитивна. Има многу ентузијазам, тоа се виде и на презентацијата на Левандовски, сите сме многу возбудени
Целта оваа сезона е да освојуваме титули и да играме добар фудбал. Сакаме да ги израдуваме луѓето затоа што тоа го заслужуваат. После неколку години играње без публика, ќе биде многу позитивно да се игра пред нив за трофејот Гампер. Ќе се обидеме да ги направиме горди на тимот, да се забавуваме. Ќе дадеме се од себе“, изјави Чави.