Во еден од најинтересните мечеви во 1.коло во новата сезона во Бундеслигта, Штутгарт и Лајпциг одиграа 1:1. Веднаш да кажеме дека актер на овој меч беше и Македонецот Дарко Чурлинов кој влезе во игра во 64.минута. Не беше стартер во тимот на “швабите“ зошто пред мечот неколку денови чувствуваше болки во грбот.
Гостите поведоа со голот на Нкунку уште во 8.минута, а Штутгарт израмни во 31.минута преку Ахмада.
До крајот на мечот “биковите“ напаѓаа, инсистираа на гол и победа, но сепак на крајот останаа тие 1:1.