Шок за Јунајтед и Тен Хаг, Брајтон со три бода од “Олд Трафорд“, Роналдо влезе во второ полувреме! (ВИДЕО)

179

Каков кошмарен старт на Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. Каква бламажа. Попладнево на преполниот “Олд Трафорд“, Јунајтед беше поразен од Брајтон со 1:2 (0:2). Навистина голем шок за сите во таборот на “ѓаволите“.

Грос во 30. и 39.минута постигна два гола за водство од 0:2 на гостите, Роналдо беше на клупата.

Во 53.минута Португалецот влезе во игра, Јунајтед почна нешто да игра, имаше и шанси, а автогол си даде Мекалистер во 68.минута за 1:2.

Потоа до крајот Јунајтед беше во тотална офанзива, се редеа акциите и шансите пред голот на Брајтон, но на крајот резултатот гласеше 1:2.

На вториот меч ова попладне во ПЛ, Лестер и Брентфорд одиграа 2:2.

 

ПретходноМециновиќ заврши со Мохамедан, се враќа во Македонија!
СледноГерманија пресилна, кадетките ќе се борат за 11. место на Мундијалот (ФОТО)