Силекс во првиот меч по враќањето во елитата, успеа со 2:0 да го победи Работнички. Апсолутно заслужен триумф на кратовци, беа подобар тим од гостите од Скопје, имаа повеќе шанси, се чини повеќе ја посакуваа победата.
По мечот стратегот на Силекс, Горазд Михаилов, за „Спортмедиа“ го искоментира овој натпревар.
„Секако дека сум задоволен. Прв меч во новата сезона во ПМФЛ и веднаш победа над Работнички. Според играта и шансите можевме и поубедливо од тие 2:0, но сепак трите бода се најважни, прекрасно е кога ќе стартуваш со победа. Затоа честитки за играчите на Силекс, за сите во стручниот штаб, благодарност до фановите кои ги имаше денеска на трибините на стадионот во Кратово. Сметам дека се она што се договоривме со играчите тие во целост го исполнија, честитки и за играчите на Работнички за фер и коректната игра. Инаку мечот беше полн со жар, интензитет, убав за гледање, исто квалитетен“ вели Михаилов.
Во првиот дел тој мораше да направи принудна измена, имено сам се повреди Марко Маринковиќ.
„Да, сам се повреди. Веднаш беше пренесен во болница каде беа направени снимки. Овака првично станува збор за повреда на зглобот, можеби на истегнување на некој лигамент, но сепак да оставиме до утре кофа во Скопје нашиот фудбалер ќе оди на специјалистички прегледи. Да се надеваме дека не се работи за толку тешка и сериозна повреда“ заврши стратегот на Силекс.