ОФИЦИЈАЛНО: Иско го облече дресот на Севиља

250

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско се пресели во Севиља. Ова денеска го потврдија од клубот од Андалузија на официјалниот сајт. Детали од договорот со 30-годишниот шпански фудбалер не беа соопштени.

Иско се приклучи на Севиља со слободен трансфер бидејќи неговиот договор со Реал Мадрид истече на 30 јуни.

Иско е дете на Малага, а во својата кариера настапуваше и за Валенсија. Од 2013 година, играчот од средниот ред игра за Реал Мадрид, со кој освои 19 трофеи, вклучувајќи пет трофеи во Лигата на шампионите и три титули во шпанската лига.

ПретходноБорусија (Д) замената за Алер ќе ја обезбеди од Келн
СледноБањаја е победник на Британското ГП на Силверстоун