Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар се пофали со новото засилување, репрезентативецот Андреј Маслинко. 25-годишниот крилен центар досега настапуваше за ТФТ, а претходно играше и за МЗТ Скопје со кого беше шампион во 2019 година.
Претходно Гостивар ги донесе грузискиот интернационалец Гиорги Корсантиа како и 22-годишниот Максим Митевски, а договорите ги продолжија Војче Лефковски, Ренато и Роберт Димитриевски и Виктор Ефремовски.