Очајно прво полувреме од официјалното деби на Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Ј. во англиската Премиерлига. „Црвените ѓаволи“ како да не промениле ништо од минатите сезони, па на воведниот сезонски меч со Брајтон во првиот дел веќе имаат негатива од 2:0 и тоа на домашен терен.
Паскал Грос двапати ја тресеше мрежата на Де Хеа, додека Кристијано Роналдо овој понижувачки старт на неговиот тим го гледа од клупата за резерви.