Пјаниќ останува во Барса, Чави му поставил еден услов!

2202

Миралем Пјаниќ сепак ќе остане играч на Барселона и тоа благодарение на одличните игри кои ги прикажа на подготвителните игри во кои му даде до знаење на Чави дека може да смета на него.

Според AS, шпанскиот стручњак ја донел таа одлука на почетокот на неделата по состанокот што го одржал со него, на кој му рекол дека има намера да го задржи во клубот, но под еден услов, а тоа е да се согласи за намалување на платата.

Чави го смета Пјаниќ за идеална замена за Серхио Бускетс, бидејќи тој има квалитет и одлично ги разбира суштинските потреби за играње дефанзивен играч за врска, како во одбраната, така и во нападот.

Репрезентативецот на БиХ на тој начин ќе има можност да се докаже под водство на тренер кој има доверба во него, што никогаш не било случај со Роналд Куман.

ПретходноТимот кој ги поврзува Илиевски, Рајковиќ и Тодоров се враќа на кошаркарската мапа!
СледноБиХ го освои 46-то издание на традиционалниот турнир „Чајка“, МВП признанието за Добрина Хаџи Тосева