Трансферот на Единсон Кавани во Бока Јуниорс нема да се случи откако уругвајскиот напаѓач ја одбил понудата на гигантот од Буенос Аирес. По завршувањето на договорот со Манчестер Јунајтед, Кавани е слободен фудбалер и имаше неколку понуди од јужноамерикански клубови меѓу кои и онаа на Бока.
Аргентинскиот клуб се истакна како фаворит во трката, но на крајот преговорите наидоа на ќорсокак откако 35-годишниот напаѓач изразил желба да игра во шпанската Ла Лига. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо пишува дека Кавани добил понуди од Валенсија и од Виљареал па веројатно ќе прифати една од нив.
Кавани никогаш нема играно во Ла Лига, а ги „проба“ Серија А (Палермо и Наполи), Лига 1 (ПСЖ) и Премиер лигата (Манчестер Јунајтед).