Македонскиот шампион Шкупи во очи на утрешниот реванш меч со Шамрок Роверс во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа, денеска одржа прес-конференција. Шефот на стручниот штаб на тимот од Чаир, Гоце Седлоски, со свои очекувања за утрешната пресметка.
„На вакви средби мора да си 100% во тек на сите 90 минути. И Линколн и Динамо, па и Шамрок, ги казнија сите наши грешки. Мора агресивен старт, мора да победиме со два разлика, немаме друг избор. Ирците се хит ова лето, не само Шамрок. Ќе се обидеме… Од сите европски дуели сум задоволен, освен од оној со Линколн на гости. Шамрок е далеку посилен од Линколн. Ќе дадеме се од себе, па верувам во моите играчи, но многу работи зависат и од тоа како ќе се постави Шамрок. Ќе го немаме Хамиди кој е под суспензија и Дамфа кој е повреден“, вели Седлоски.