По раскинувањето на договорот со Интер, Алексис Санчез е подготвен да стане нов играч на Олимпик Марсеј. Чилеанскиот напаѓач пристигна во Франција каде се подготвува да ги мине лекарските прегледи со својот нов клуб.
Санчез слета во Марсеј, каде што по потпишувањето на договорот ќе му биде на располагање на тренерот Игор Тудор. Откако официјално го заврши своето второ италијанско искуство (по она со Удинезе), Чилеанецот е подготвен за првпат да заигра во француската Лига 1.
Marseille supporters are excited to welcome Alexis Sánchez (33). (🎥 @RemiLiogier) pic.twitter.com/mcrwmVdhkr
— Get French Football News (@GFFN) August 9, 2022